МОН: Септемвриската плата за 32 500 вработени во образованието повисока за 15 отсто

Септемвриската плата за вработените во основното и средното образование е повисока за 15 проценти. Тоа значи дека околу 32.500 вработени, од кои 25.000 наставници, добиваат дополнителна мотивација за работа и лично вложување во унапредувањето на квалитетот на националниот образовен систем.
Заедно со досегашните зголемувања од 21 процент, вработените во образованието добиваат историски најголема поддршка. И во услови на економска и енергетска криза, пари за наставниците има. Оваа Влада и Министерството за образование и наука на дело покажуваат дека се грижат за достоинствено вреднување на нивниот труд, желба и посветеност.
Ја реализираме заложбата наставниците да го добијат заслужениот статус во општествената хиерархија, за да можат да бидат главен фактор во унапредувањето на квалитетот на образованието. Затоа, Министерството за образование и наука обезбедува услови за нивен професионален и кариререн развој преку постојани обуки и можности за напредување во звања.
Продолжуваме да работиме на подигнување на дигнитетот на просветителската дејност и во иднина.
Министерство за образование и наука
Ново на Сител
-

Доајенот на македонското глумиште замина во легендите, почина актерот Гоце Тодоровски
-

Временските промени опасност за посетителите на планина
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Гостивар има техничка вода, но не е за пиење
-

Дополнетиот ребаланс на Буџетот на пленарна седница
-

Нова надеж за повредените штркови
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
