МОН објави оглас за академијата за менаџери, 40 вработени ќе добијат стипендија од по 500 евра
40 стипендии за доквалификација на менаџери веќе вработени во претпријатијата. Министерството за образование распиша конкурс со кој доделува финасиски субвенции од 500 евра за подобро раководење и менаџирање во фирмите. Лицата ќе следат предавања од областа на инвестициите, прептриемништвото, стратешки менаџмент, часовите ќе ги држат професори од солунскиот Сити колеџ, наставата ќе се одвива за време на викендите а платени ќе бидат 22 предавања. Аплицирањето ќе трае до 16 за насоката менаџирање и до 23 ноември за модулот финансирање. Проектот е во рамките на академијата за менаџери и се спроведува 4-та година. Досега се доделени 120 стипендии а според заменик министерот ефектите се очигледни.
Ристовски денеска изврши и увид во изградбата на нова зграда во основното Невена Дуња во скопска Кисела Вода. За 2 месеци речиси 40 прценти од крупните градежни активности се во завршна фаза. Училиштето со капацитет за 500 деца се очекува да биде пуштено во употреба до крајот на идната година.За изградба на училиштето министерството за образование одвои 75 милиони денари.
-
Весна Ќуксановиќ
Сите содржини од овој новинар