МОН: Ново основно училиште во село Чифлик во Сопиште
Владата на последната седница даде позитивно мислење за основање на ново општинско основно училиште „Дитурија“ во село Чифлик, Општина Сопиште.
Како што соопштија од Министерството за образование и наука, училиштето ќе се основа со поделба од веќе постоечкото основно училиште „Драга Стојановска“ во село Ракотинци.
Во состав на новото училиште се планира да бидат и подрачните училишта во с. Св.Петка и с.Патишка Река, а наставата ќе се одвива во веќе постоечки објекти, кои ги исполнуваат стандардите предвидени за нормално функционирање на воспитно-образовниот процес.
-Во новото основно училиште „Дитурија“ во с.Чифлик ќе се реализира воспитно - образовна работа од прво до деветто одделение, а училишниот објект може да опфати околу 300 ученици. По 300 ученици можат да бидат опфатени и во објектите на ПОУ Патишка Река и ПОУ Св.Петка. Наставата ќе се изведува на албански наставен јазик, за што се обезбедени наставници за сите предмети од одделенска и предметна настава, наведуваат од Министерство за образование и наука.
Ново на Сител
-
Вучевиќ: Испратено е барање до ФБИ и до ФСБ за истрага за употреба на звучен топ на протестот во саботата
-
ДПА: ЕУ денеска го објавува планот за спротивставување на Русија
-
Шорц со дабл-дабл ефект му донесе победа на Париз над Милан
-
Мората: Одлуката да го напуштам Атлетико беше погрешна
-
Поминаа 72 часа и нема нови починати од тие што ја преживеаја трагедијата во Кочани, изјави Таравари
-
Организацијата на Ѓоковиќ со тужба до АТП, ВТА, ИТФ и ИТИА
-
Индија би можела да биде домаќин на италијанскиот Суперкуп
-
Адвокатот на Палевски се откажа од одбраната