МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена
Министерството за образование и наука (МОН) со финансиска поддршка од ИПА фондовите на Европската унија изработи нов интегриран систем за електронска работа на училиштата, кој вклучува и нов електронски дневник, што официјално ќе се примени во текот на новата учебна 2024-2025 година, откако претходно ќе го помине тест периодот во неколку основни и средни училишта.
Првичните проверки се спроведени во координација на МОН со Бирото за развој на образованието, Државниот просветен инспекторат, Државниот испитен центар и со наставници од училиштата. Организирани се и обуки за ИТ администратори во училиштата каде електронскиот дневник ќе пилотира и интегрирање на евентуални нови сугестии.
Како што соопштија од Министерството, откако целосно ќе заврши фазата на тестирање, ќе следи процес на мигрирање на податоци од сегашниот во новиот електронски дневник, но и внесување на дополнителни податоци во софтверот од страна на училиштата. Предвидено е да се организираат обуки за користење за сите наставници.
-Новото софтверско решение ќе ги надмине предизвиците со кои наставниците, администраторите, родителите/старателите и самите ученици ги посочуваа во изминатиот период, бидејќи сите нивни сугестии се земени предвид во процесот на креирање на системот. Изразуваме благодарност до сите чинители во процесот на креирање на новиот интегриран систем за електронска работа на училиштата, а особено до Европската унија која обезбеди финансиска и логистичка поддршка во овој процес и што континуирано ги поддржува напорите за дигитализација и модернизација на образованието, соопштија од МОН.
Ново на Сител
-
Перински: И да не бидам кандидат ќе вложам максимум да помогнам
-
Комората на Македонија-Турција донира 100 000 евра за реновирање на ДСУ „Наум Охридски“
-
Лилјана и Јован се невестата и зетот за годинашната Галичка Свадба
-
Дел од занаетите стануваат дефицитарни
-
Преглед на вестите од светот
-
Приведени двајца тинејџери кои извршиле обљуба врз две малолетни девојчиња
-
Teма на денот со Мариуш Бримора, амбасадор на Полска
-
Силен пожар беснее во кочанско Вранинци – Се бара хеликоптерска поддршка