МОН: Наставниот кадар по новогодишните празници да биде слободен до 9 јануари

Наставниот кадар да биде слободен до 9 јануари по новогодишните празници, препорачало Министерството за образование и наука, со цел да се почитува правото на вработените во училиштата на четириесет часовно работно време во петдневна работна недела, како и намалување на трошоците за загревање на училишните објекти.
- Согласно Календарот за работни денови за учебната 2017/2018 година, ве известуваме дека до раководните лица на училиштата е доставена препорака деновите што следуваат по новогодишните празници да бидат неработни, односно вашите работни обврски да започнат на 9 јануари, се вели во соопштението од МОН.
Оваа препорака, се додава во соопштението, е согласно Календарите за организација на учебната 2017/2018 година, за основните и средните училишта каде две саботи во првото полугодие и две саботи во второто полугодие се предвидени како работни денови.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги блокира реформите
-

Одложено судењето за измами во ИПАРД програмата
-

Прилепскиот општински штаб за заштита и спасување активно се подготвува за сезоната на пожари
-

Бројните настани привлекуваат посетители
-

До септември ќе биде готов проектот за наколната населба и музејот на вода во Дојран
-

Преглед на вестите од светот
-

Изборниот законик влезе во собраниска процедура, СДСМ подготвува 10.000 амандмани
-

Ресорите поделени, имињата ќе се објавуват утре по ИК на ВМРО-ДПМНЕ
