Македонија
17. February 2016 - 20:10

МОН најавува реформи во средното стручно образование

Ќе се реформира средното стручно  четиригодишно образование. За 4 години Министерството за образование ги очекува првите ефекти. Да се добие квалификуван кадар согласно потребите на пазарот на трудот. Постоечкиот систем е веќе застарен и не е во тек со технологијата и новите побарувања.  Избран е интернационален конзорциум кој ќе дава препораки за укинување на непотребните струки,воведување  на нови, зголемување на прктичната настава, отворање на опремени лаборатории за кои се обезбедени средства како и интервенција во делот  на учебниците. Измени и реформирање ќе има на 14 струки, 52 образовни профили и 1300 наставни програми.

Меѓународните експерти велат дека поголемта стручност на кадрите ќе ги задржи младите во својата земја. Тие ќе бидат поквалификувани и полесно ќе најдат работа во компаниите кои се повеќе имаа потреба од лица со средно стручно.

Министрството за образование во соработка со Европската унија пред две години изврши реформрање на две и тригодишното стручно каде имаше интервенција во 111 наставни програми на 13 образовни профили.