МОН: Материјали за учење за прво, второ, четврто и петто и учебници за останатите одделенија ќе има до 1 септември
– Учениците од прво, второ, четврто и петто одделение, за кои се во подготовка учебници по новите наставни програми, во првото тримесечје ќе учат од соодветни материјали и нив ќе ги добијат до 1 септември.
– Дистрибуцијата на новите материјали за учење кои ги подготви Министерството за образование и наука во соработка со Бирото за развој на образованието, наменети за учениците од прво, второ, четврто и петто одделение за предметите за кои се изготвени нови наставни програми е во тек и ќе се заокружи пред почетокот на учебната година, соопшти МОН.
Министерството нагласува дека материјалите за учење што ќе се користат додека бидат готови односно одобрени новите учебници се квалитетни и дека не се работи за скрипти.

-Учениците нема да добијат скрипти, туку материјали кои се квалитетни, креативни и го разработуваат наставниот материјал за првото тримесечје. Во меѓувреме, во тек се постапките за одобрување на нови учебници за овие одделенија и наставни предмети. Сите се во различна завршна фаза и етапно ќе бидат заокружувани, наведува МОН.
Министерството информира и дека паралелно со материјалите за учење за прво, второ, четврто и петто одделение, до училиштата се доставуваат учебниците за сите останати одделенија – трето, шесто, седмо, осмо и деветто и дека дистрибуцијата ќе заврши до крајот на утрешниот ден.
– Министерството за образование и наука упатува апел до раководствата на основните училишта да ги подигнуваат материјалите за учење и учебниците од просториите на општините и да организираат нивна распределба и доделување на учениците на првиот училишен ден, соопшти МОН.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ го прославува 36. роденден
-

Филипче: Ни требаат храбри одлуки
-

Стопанска банка и Мастеркард го прошируваат партнерството со поволности за корисниците
-

Тема на денот со Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Мицкоски за реконструкција на владата и инфрастуктурни и здравствени проекти на југоистокот
-

Протоколот со Бугарија останува дел од извештајот за напредокот на Македонија
-

Средба Муцунски - Мекенти: Поддршка за европската интеграција и јакнење на билатералната соработка со Ирска
-

8 години од Преспанскиот договор
