МОН: Координација за креирање сеопфатна Стратегија за образование 2016-2020
Со цел да се надминат слабостите во Националната програма за развој на образованието 2005-2015, Министерството за образование и наука од крајот на минатата година презема чекори за креирање нов релевантен стратешки документ во делот на образовните политики односно Стратегија за образованието 2016-2020.
МОН соопшти дека со јасна поставеност на одредниците и одговорностите, новата стратегија ќе овозможи постојано следење на динамиката за исполнување на зацртаните образовни цели, но и повратна информација како да се адаптираат идните образовни политики.
Во процесот на донесување на новата Стратегија за образование 2016-2020, наведува МОН, планирана е целосна вклученост на донаторски партнери, социјалани партнери и на невладините организации
- Министерството за образование и наука формира работни групи во делот на предучилишно образование, основно образование, средно образование, стручно образование и обука, образование на возрасни и високо образование и истражување. Во сите групи, како хоризонтални прашања ќе бидат опфатени: инклузивноста по сите основи, обезбедување квалитет во образованието и поврзаност со пазарот на труд. Новата Стратегија за образование 2016-2020 ќе придонесува кон унапредување на системот што одговара на потребите на учениците, училиштето, локалната заедница, бизнис-заедницата и општеството во целина, информира МОН.
Министерството за образование и наука во рамки на можностите од Оперативната програма за развој на човечки ресурси 2007-2013, од Приоритетната оска 2: Образование и обука, обезбеди проект за поддршка при подготовка на добро дизајнирани образовни политики.
- Согласно воспоставените ИПА процедури, новиот рамковен договор „Техничка помош за подготовка на сеопфатна Стратегија за образование 2016-2020“ почна на 26 февруари 2016. Реализацијата на проектот е предвидено да се одвива во текот на една година - период во кој ќе се засили координацијата на сите значајни чинители во образованието на транспарентен и партиципативен начин. На тој начин и со партиципативна методологија ќе се овозможи креирање нови образовни политики препознаени од сите и што се однесуваат за сите. Воедно, приоритет е потребата од квалитетно образование за сите: деца, млади и возрасни, што ќе овозможи градење општество базирано на знаење, соопшти МОН.
Ново на Сител
-
Герасимовски: Нови кошаркарски табли, детски реквизити, канти и клупи на повеќе локации во Центар
-
Славески: Најновите проекции на Народната банка покажуваат забрзување на растот и намалување на инфлацијата
-
Ен-Би-Си: Иран пред нападот го предупредил Трамп дека ќе ги активира терористичките скриени ќелии во САД
-
ДОМ: Ја напуштаме коалицијата со СДСМ
-
Извештајот на Вајц утре пред европратениците, Скопје очекува силна порака за македонскиот идентитет и јазик
-
Исплатени над 9 милијарди денари за земјоделците
-
Американските демократи со критики за Трамп: Со наредбата за напад врз Иран го прекрши Уставот на САД
-
Седници на седум собраниски комисии