МОН: Ќе се преиспита содржината на учебникот по Историја за седмо одделение
Комисија формирана со одлука на министерот за образование и наука ќе ја преиспитува содржината на учебникот по Историја за седмо одделение. МОН соопшти дека примило повеќе претставки дека одредени податоци и информации кои се објавени во учебникот не соодветствуваат со научната реалност.
Во законски утврден рок од 10 дена, Комисијата има обврска до министерот да достави предлог за повлекување на учебникот, доколку членовите констатираат дека претставките се основани.
-Во зависност од обемноста на материјата која треба да се преработи, ќе биде донесена одлука за корекција на постојниот или за израбока на целосно нов учебник по соодветниот предмет, соопшти МОН, но не прецизира на што конкретно се однесуваат претставките за учебникот.
МОН наведува дека заедно со други надлежни институции ќе продолжи да работи на подобрување на содржината на учебниците кои се користат во основното и средното образование и дека во тој процес ја вклулува и јавноста со тоа што граѓаните може да доставуваат коментари, сугестии и забелешки за учебниците на електронската адреса: book@mon.gov.mk
Ново на Сител
-
Истрага против уште едно лице за пожарот во кочански “Пулс”
-
Израел ги уапси активистите од едрилицата „Медлин“, вклучувајќи ја и Грета Тунберг | ВИДЕО
-
Стапи во сила забраната на Трамп за влез во САД на државјани од 12 земји
-
Влада: Телефонскиот број 070/355-526 е во функција, Пониква станува центар за рехабилитација за повредените
-
Завршни зборови на обвинителството за убиството на Вања и Панче
-
Успешна евакуација на повредено лице од Шар Планина со хеликоптер на Армијата
-
Меѓународен ден на архивите - 9 јуни
-
Министерот Муцунски во работна посета на Казахстан