МОН ќе изнаоѓа нови решенија за поддршка на ученици и ментори на светските натпревари

Министерството за образование и наука соопшти дека министерката Рената Дескоска и нејзиниот тим работат на изнаоѓање системско решение преку нови законски решенија за поддршка и мотив за учениците и нивните ментори во освојувањето највисоки признанија на светските натпревари.
- Министерството за образование и наука има предвидено доделување парична награда за освоен медал на една од 13-те меѓународни научни олимпијади на ученикот и на наставникот кој го подготвувал ученикот за олимпијадата. МОН изразува жалење што до сега младите таленти од Република Македонија не беа поддржани од институциите во однос на покривањето на патните трошоци или, пак, подготвителните часови, информира МОН.
Во соопштението МОН упати честитки до националните сојузи за хемија, физика и математика за освоени бронзени медали на меѓународни натпревари кои се одржале овој месец - тимот предводен од Сојузот на хемичари и технолози на Македонија го освоил бронзениот медал на 49. Интернационална хемиска олимпијада во Натхон, Патхом, Тајланд, Друштвото на физичарите на Република Македонија - на 48. Меѓународна олимпијада по физика во Џогјакарта, Индонезија, а Сојузот на математичари на Република Македонија го освоил бронзениот медал на 58. Меѓународна олимпијада по математика во Рио де Жанеиро, Бразил.
- Постигнатиот резултат претставува успех не само за сојузите, односно друштвата, туку и успех за Република Македонија. Со постигнатите резултати тимовите на хемичари, физичари и математичари покажаа и докажаа дека Република Македонија има млади луѓе, ученици, научници кои стојат рамо до рамо со своите врсници од целиот свет. МОН е во исчекување на резултатите од 29. Меѓународна олимпијада по информатика во Техеран од 28 јули до 4 август 2017, на која ќе учествува тим од Здружението на информатичарите на Република Македонија, соопшти МОН.
Ново на Сител
-

Трамп му објави војна на „одвратниот монопол“ на американските преработувачи на храна
-

ЦУК: Осум активни пожари, три под контрола
-

Работник на телекомуникациска компанија паднал од бандера и починал во Елшани
-

Приведена 23-годишна жена во Македонска Каменица – ја нападнала свекрвата, па фрлила нож кон свекорот
-

Венецуелка нападната во апартман во Скопје, напаѓачот ѝ одзел два телефона
-

Песков: Преговорите со Украина во моментот се на пауза
-

Хуманитарна помош од два милиона евра од ЕУ за Непал
-

Нов рекорд за меѓународниот аеродром во Тирана, над 60.000 патници за еден ден
