Момчиња од БиХ се снимале како возат 200 км/ч, неколку моменти подоцна загинале во сообраќајка
Ноќта од неделата кон понеделникот, околу 2:30 часот во местото Џурџевик во БиХ, се случи тешка сообраќајна несреќа во која загинаа двајца 21-годишници, Ахмед и Енес Муратовиќ.
Како што пишуваат босанските медиуми, несреќата се случила кога Енес поради неприлагодена брзина изгубил контрола врз автомобило, по што удрил во бетонска ограда на двор на куќа која автомобилот ја пробил и се забил во куќата.
Освен двајцата 21-годишници, во автомобилот бил и 16-годишник кој седел на задното седиште, а по несреќата бил префрлен во болница во Тузла. Според последните информации неговата состојба е стабилна.
Според порталот Тузлански, извлекувањето на двете тела на момчињата од смачканиот автомобил траело околу два часа.
Покрај ова, босанскиот портал јавува и дека Ахмед Муратовиќ само неколку моменти пред несреќата на својот инстаграм профил објавил видео-снимка со брзото возење. Возеле над 200 км/ч по пат кој бил влажен и лизгав.
Објавени се и фотографии од местото на несреќата кои се постирани на Фејбук за да послужат како предупредување за оние кои пребрзо возат.

Ново на Сител
-

Хакерска група тврди дека пробила во сајтот на ФБИ и украла податоци за вработените
-

Блесин нов тренер на Борусија Менхенгладбах
-

Медиуми: Артета и Арсенал договорија продолжување на соработката
-

ЦУК: Вкупно 28 пожари регистрирани на отворен простор
-

Илјадници полицајци распоредени околу седиштето на ОН за време на Генералното собрание во Њујорк
-

Седници на три собраниски комисии
-

Администрацијата на Трамп планира да го ограничи бројот на бегалци примени во САД во 2027 година на 17.500
-

Сончево со мала локална облачност и студено утро
