-->
-->
Момчето на Теодора се одмазди за нејзиното убиство
-->

Познатиот полицаец Божидар Босниќ и Ненад Стевиќ, чија девојка случајно настрада минатата година, го претепале Горан Цвијетиќ пред сведоци, го пикнале во возило и се обиделе да го киднапираат.
Ненад Стевиќ (39) и Божидар Босниќ (51) од Нови Сад, и двајцата од порано познати на полицијата, уапсени се поради сомнение дека се обиделе да го киднапираат Горан Цвјетиќ (41) од Будисава. Цвјетиќ кои во Итната помош е префрлен во Ургентен центар во КЦ Војводина, со тешки телесни повреди каде е задржан.
Стевиќ, инаку е момче на девојката Теодора Качански, која во ноември минатата година е убиена за време на излегувањето од џипот пред зградата во која заедно живееле.
Се претпоставува дека киднаперот има врска со нејзиното убиство.
„Цвјетиќ паркираше со мотор на Улица Корнелија Станковиќ и ја премина улицата. Тогаш од црното „ауди“ излегле тројца, еден го држел вперен пиштолот во него, а другите двајца го викнале: „Рашири ги нозете и лежи доле!“ Тој викна: „Немојте, не сум виновен!“ Неколку пати го удриле во глава со пиштол и го претепале. Потоа како така претепан го бутнале во кола и избегале“, прераскажува за Курир извор од истрагата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Протојереј-ставрофор Зоран И. Стојанов, декан на деканатот Св. Кирил и Методиј(Католичка Црква)
-

Поплави во општина Чешиново-Облешево
-

Филипче ќе го разреши и Илиевски од потпретседател на СДСМ, Спасовски останува координатор
-

СДСМ: Власта направи хаос во ПИОМ
-

Пензионерите во понеделник пред Уставен суд
-

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ брани криминалци
-

Андоновски: За една и пол година дуплиран е бројот на корисници на националниот портал
-

Ќе се укинат ли блок тарифите за струјата?
