Македонија
15. April 2016 - 15:12

Момче со Даунов синдром добитник на награда на ораторски вечери

 Вкупно 11 студенти од државните и приватните универзитети во Македонија, меѓу кои и Александар Матовски - Цако, момче со Даунов синдром од Педагошкиот факултет, учествуваа на првите ораторски вечери на тема „Бедна е онаа правда што треба да се правда“ одржани синоќа на универзитетот ФОН.

Добитник на прва награда за најдобри оратори е Емилија Манасијевска од Факултетот за економски науки ФОН. Втората награда ја поделија Валерија Крстева од  Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Скопје и Елена Орцева од Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. Третата награда ја понесе Александар Матовски - Цако од Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“, со што оваа манифестација дава дополнителен стимул за учество на студенти со развојни потешкотии.

Ораторските вечери беа збогатени со изведба на класична музика и дегустација на вина