-->
-->
Момче се бори за живот по тешка сообраќајка во Аеродром
-->

Дваесет годишниот Д.Р. од Скопје се бори за живот во ГОБ „Св. Наум Охридски“ по сообраќајна несреќа која вчера попладне се случила на булеварот „Јане Сандански“ во Аеродром.
Од полицијата денес информираат дека до несреќата дошло при судир на автомобил „Рено“ кој го управувал О.И. (57) од Кратово, со привемено живеалиште во Скопје, и мотор „Априлија“ управуван од Д.Р.
Повреденото момче со друго возило било пренесено во болница каде му биле констатирани тешки повреди и се наоѓа на Одделот за интензивна нега во животна опасност. На местото на несреќата полицијата извршила увид.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд
-
Средба Мицкоски - Таравари ќе има, Ахмети не разговарал со Алијанса за општини
-
Фетаи со честитка за „Слободна зона Карадак„ - Избриша видео со знаме на голема Албанија
-
Мерките завршија, граѓаните стравуваат од нагло поскапување во маркетите
-
Јавниот долг на најниско ниво во последните 5 години
-
Македонија падна за шест места на Индексот за слобода на медиумите
-
Протест на вработените во Зоолошка градина - Тврдат дека немаат земено плата за март, останале и без здравствено осигурување
-
Преглед на вестите од светот