Момче од Тетово се удави во Јонско Море кај Валона
Двесет и четиригодишно момче од Тетово попладнево се удавило во водите на Јонско Море, во албанскиот приморски град Валона, при неуспешен обид да спаси две девојки од давење.
Трагичниот настан се случил на познатата плажа Зврнец, во близина на заливот Портанова, во 14:30 часот.
Според медумите, кои се повикуваат на полицијата момчето од Тетово било на истата плажа, кога двете девојки само што вовлегле во морето ги повлекол голем бран. Третата девојка, сестра на една од сега удавените, која се обидувала нешто да стори побарала помош од него. За жал и двете девојки и момчето неуспеале да се спасат.
На помош пристигнала и поморска полициска патрола, но се било предоцна.
Според полицијата удавени се Б.Ф. (24) од Тетово, М.М.(27) од Валона и Џ.Ц.(25) од Тирана.
Днешнот ден ќе биде запишан како црн ден за Валона. Претходно кај месноста „Ладна вода“ се удавило 14-годишно момче.
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски - Филипче
-
Опозциските прашања со обвинувања до власта за трагедијата во Кочани
-
Семејствата на жртвите од модуларната болница бараат обнова на истрагата
-
Тимови од странство искусни за рехабилитација во македонските центри
-
Тошковски: Ќе одговара секој криминалец во МВР кој наместо да ги штити, ги краде граѓаните
-
Априлската плата во здравството повисока за 2500 денари
-
112 милиони денари собрани на сметката на Црвениот крст
-
Тошковски: Истрагата за Кочани се уште трае