Македонија
9. April 2018 - 15:10

Момче нападнато со метален предмет во Скопје

 Скопјанецот М.Р. (26) ноќеска околу 4:30 часот физички бил нападнат на улицата „Благоја Стефковски“ во Скопје. 

Како што соопшти МВР, додека М.Р. управувал со неговото возило, патот му го пресекло друго возило од кое излегле две лица и физички го нападнале. Едниот од нив со метален предмет го удрил неколку пати во пределот на главата, а другото лице го удирало со тупаници. Потоа лицата влегле во возилото и го напуштиле местото на настанот.

М.Р. го пријавил случајот во полиција и се на работи на негово расчистување