Момче доби на подарок дрес од Меси, по што животот му се претвори во кошмар

Кон крајот на јануари оваа година се прошири приказна за момче, кое на себе имаше импровизиран дрес на аргентинската репрезентација, изработен од пластични кеси, а на грбот со фломастер беше напишано името на волшебниот „Гаучос“ и бројот десет.
Петгодишниот Муртези Ахмади, кој живее во провинцијата Газа во источен Авганистан стана ѕвезда на социјалните мрежи, а набрзо се огласи и самиот Меси кој му го оствари најголемиот сон на момчето, му подари оригиналниот дрес.
Сепак, како што јави „Инденпендет“, ситуацијата се искомплицирала. Родителите на момчето се уплашени дека нивниот син може да биде киднапиран.
- Пред неколку дена добивме повик од мафијаш, кој живее во нашиот крај. Тој е сигурен дека мојот син покрај дресот добил и пари. Сега сака од нас да му ги предадеме, раскажа таткото.
Семејството одлучи момчето да го повлече од провинцијата Газа на некое време со оглед на тоа дека нивниот крај е познат по чести киднапирања.
Ново на Сител
-

Уапсен 28-годишник од Неготино, оштетил кафемати и одзел пари од нив
-

Физичка пресметка помеѓу четири лица во скопскиот Градски парк поради одземен телефон
-

Затвореник во Затвор Штип истепал полицаец
-

Руте: Русија и нејзините сојузници се главната долгорочна закана за НАТО
-

Во Шпанија во јуни од екстремно топлото време починале 1.028 луѓе
-

Кавадарчанец загина откако со камион се превртел и паднал во провалија
-

Нема повеќе вадење лаптопи, таблети, мобилни и течности од рачниот багаж на скопскиот аеродром
-

Самарџиски во стручниот штаб на младинската кошаркарска репрезентација
