Живот
5. November 2018 - 12:29

Моќно видео покажува како навистина изгледа напад на паника кои ги погодува многу новопечени мајки

Се почесто се зборува за постпородилна депресија и чувството на тага кои ја обзимаат новите мајки. Тоа е проблем кој многу мајки не можат да го препознаат, се срамат да признаат дека го имаат и не знаат како да се носат со него.

Поради тоа понекогаш завршува под тепих, а мајките кои имаат храброст да проговорат се стигматизираат.

За да им се помогне на мајките кои се чувствуваат изолирано, британскиот портал Channel Mum објави видео под името „Како нападот на паника навистина изгледа“.

Во триминутното видео мајка на две деца Софи Меи Лан говори зборува за чувствата среде напад на паника, плаче, се бодри да дојде до здив и признава: дноставно не сакам да бидм овде - Не можам со тоа да се носам“.

Видеото е дело на психологот Еме Кени, а откри некои поразувачки податоци.

- Родителите се посебно осетливи на анксиозност, дури и ако предходно немале проблеми со менталното здравјее. Нашето истаражување откри дека 85 проценти од мајките патат од некој вид на анксиозност или проблеми во бременоста или по породувањето.

На повеќе од половината не биле предупредени дека тоа може да им се случи, пишува Channel Mum.

Велат дека три од десет мајки имаат барем еден напад на паника, а повеќе од четвртина тоа го искусиле неколку пати, а 23 % од нив имале таков напад пред детето.

Половина од мајките ги кријат своите напади и никогаш не признаваат дека тоа им се случило. 

Најчести симптоми се престанувањње на дишење со кои се сретнале седум од десет мајки, а 63% не можеле да го контролираат своето плачење.