Ракомет
10. April 2016 - 21:30

Мојсовски: Добро е што победивме

Како што најави Наумче Мојовски денеска го одигра и последниот натпревар во репрезентативниот дрес, притоа тој беше и капитен на денешниот дуел, а во микс зоната изјави: 

- Тежок натпревар за нас особено по поразот од Тунис. Беше тешко да играме денес но добро е што победивме. Во јуни ќе дојдам да се простам од репрезентативниот дрес.

Капитенот на репрезентацијата Кирил Лазаров на прес конференцијата изјави:

- Дојдовме по една цел, но не ја остваривме, жалиме. Добро е што барем на крајот победивме. Наумче не заслужи поинакво простување, а да не победиме. Во јуни треба да биде со нас и да се прости на достоинствен начин пред македонската публика.