Мојот сопруг е свештеник, а јас бев неговата секс робинка 40 години: Ме силуваше 7 пати на ден, а нашиот син ме докрајчи
Џој Харис се омажила за радикалниот пастир Лари Харис, кој проповедал дека жената мора да се поклони на секоја желба на мажот, а потоа открила дека нејзиниот сопруг за време на 40 години брак ја силувал по седум пати дневно.
Лари и Џој се преселиле од Америка во Австралија во 1994-та година во рамките на мисијата на еден оддел од батистичката црква Valley Forge Baptist Church, која претходните нејзини членови ја опишуваат како култ.
"Ме учеше и мене и своите следбеници дека жената треба да му се поклони на мажот како човекот на Бога, зборуваше дека тоа го пишува во Библијата. Мислеше дека тоа што ќе ме силува повеќе пати ќе го направи поголем маж, па тоа со текот на времето се влошуваше", раскажува за Daily Mail.
Кога вистината за тортурите врз оваа жена била откриена, дури и старешината од спомената баптистичка црква изјавил дека не му е јасно "како може човек да одговара пред суд за нешто што не е злочин". Сличен став заземал и еден од нивните синови, Кевин, кој живеејќи и растејќи со татка си го преземал најлошото од него. И тој станал пастир во еден од радикалните делови на црквата.
"Тој ги прекина сите врски со мене и ме обвинува мене за судбината на неговиот татко. Кевин вели дека јас сум виновна за се бидејќи не ја разбирам Библијата и Бога и дека се сум заслужила бидејќи не сум знаела да покажам покајување и понизност", изјавила Џој за својот сопствен син.
Во интервјуто објавено со Кевин тој не можел да одговори на прашањето како неговата мајка ги заслужила тие силувања, туку демонстративно ја напуштил собата.
Меѓутоа нивниот друг син, Џејсон Харис, го напуштил култот кога открил што се случувало во неговото семејство и сега ја поддржува својата мајка и ѝ помага да го преброди ова.
Пасторот Лари Харис моментално отслужува петгодишна затворска казна поради обвинение за силување на својата жена.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација