Бизнис
10. August 2019 - 8:28

„МојДДВ“ денеска во Тетово

 Карванот „МојДДВ“ денеска ќе биде во Тетово каде што на промотивен штанд граѓаните ќе имаат можност да добијат информации и одговори за владината мерка за поврат на 15 отсто од пресметаниот ДДВ.

Штандот ќе биде поставен пред супермаркетот Рамстор во трговскиот центар Палма Мол. Предвидено е изјава за мерката МојДДВ да даде министерот за култура, Хисни Исмаили.