"Мој постар брат и учител засекогаш, умре на ист ден како и татко ми": Бебан со солзи и насмевка за Глоговац
Од починатиот актер Небојша Глоговац се опростија бројни колеги, меѓу кои актери, музичари и други познати личности. Актерот и музичар Вукашин Марковиќ, познат како Бебан покрај кој играше во "Porodičnom blagu" со својот емотивен поздрав привлече огромно внимание.
"Беше еден од хероите на мојата младост. Ги продавав твоите фори од филмовите, се прашував како си толку ладен како шприцер, а пак на сите потребен. Тогаш те сретнав и запознав, и имав чест да поминам четири години живот со тебе. Учев од тебе, прв пат во живо видов како некој толку е**но кул пуши цигара, и да е убав со сите заби, слушнав лудачко смеење и среќа на целата екипа кога ќе кажеш три збора, а ти не се ни насмевнуваш. И младите и старите колеги беа луди да бидат како тебе"...
"Дискретен херој со намуртен израз на лицето. Мој постар брат и учител засекогаш. Умре ист ден како и мојот татко. Седам на Калемегдан, се смеам и плачам во исто време. Се сеќавам колку беше голем и прекрасен. Ти благодарам за се, мој Глоги. Беше свој вид компас од вкус, мерка и вистинска човечка големина"... стои на крајот на постот.
Ова е една од епизодите во кои се појавуваат заедно:
Ново на Сител
-

Лидерот на СДСМ упати остри обвинувања за изолација и навреди кон премиерот
-

Македонски државјанин ширел лажни вести и дезинформации во интерес на Русија
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Климатските промени и војната на Блискиот Исток ќе ја поскапат храната
-

Кoс: ЕК на 6 октомври ќе предложи нови идеи за постепена интеграција во ЕУ
-

Македонски државјанин ширел лажни вести и дезинформации во интерес на Русија
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче удри на два фронта - „идиот“ за Мицкоски, „шлепер“ за сопартијците
