Живот
3. October 2018 - 14:17

“Моите работници ќе работат само 4 дена неделно“ – Хрватска директорка со нова политика која ќе им се допадне на вработените

Рената Шепериќ-Петак е жена претприемач која во регионот стана препознатлива по еден необичен деловен потег кој е веќе испробан и функционира во Нов Зеланд.

Имено, по големиот број истражувања кои покажуваат на тоа дека четиридневната работна недела доведува до подобри резултати, но и поголемо задоволство кај вработените, новозеландската компанија Perpetual Guardian реши да го испроба ова во пракса воведувајќи скратено работно време за своите вработени.

Меѓутоа, гледаме дека оваа нова шема не е популарна само во западниот свет, туку и на Балканот.

Воведувам четиридневна работна недела бидејќи сакам моите луѓе да имаат повеќе време за себе. Ако јас верувам во нив, тогаш и тие е веруваат во мене – вели Рената.

Нејзината компанија е мала и има само 9 вработени, меѓу кои најголемиот дел се млади, а некои имаат и деца. Како највозрасен член на компанијата, Рената сознала дека тие треба да имаат повеќе слободно време за да се посветат на себе.

За почеток, како што вели таа, ова ќе биде шестмесечен експеримент кој ќе ротира од вработен на вработен (секој вработен ќе има шанса да ги вкуси бенефите на четиринеделната работна недела). Доколку ова решение се покаже како ефикасно, целата работа ќе се организира во четири дена неделно.