-->
-->
Могерини утре во посета на Македонија
-->
Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини, утре ќе ја посети Република Македонија во рамки на нејизната мини-турнеја низ балканските држави.
Во пресрет на посетата, високата претставничка на ЕУ изјави дека оваа нејзина мини-турнеја низ балканските држави е со цел да се осигура „неповратноста на процесот на интеграција на овие земји во Унијата“.
- За Европската унија, работата со земјите од Западен Балкан, регион кој е во срцето на Европа, е клучен приоритет. Работам за да видам дека секој еден од нашите партнери на Западниот Балкан се движи напред на патот на реформите, да се движи кон Европската унија и да се обезбеди дека процесот е неповратен. Регионалната соработка и добрососедските односи остануваат од суштинско значење во овој контекст, порача Могерини.
Италијанката на чело на европската безбедносна и надворешна политика до 4 март ќе ги посети Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Србија и Република Македонија. За време на посетата на регионот, Могерини ќе се сретне со политичките власти, вклучувајќи ги и претставниците на владите, со претставници на политичките партии и на парламентите. Таа ќе ги информира министрите за надворешни работи на ЕУ за оваа посета на Советот за надворешни работи идниот месец.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци