Могерини: Тоа што се случи на Косово не смее да се повтори
Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, за време на состанокот со српскиот претседател Александар Вучиќ, рече дека вчерашните настани во Косово не смеат да се повторат и дека ЕУ очекува да се сочува мирот со мудар и воздржан пристап.
Вучиќ и Могерини се состанаа вечерва во Белград, на разговори околу отворените прашања за иднината на дијалогот за нормализирање на односите Белград- Приштина со посредство на ЕУ, соопшти Службата за соработка со медиуми на претседателот на Републиката.
Могренини изразила жалење за вчерашните настани во Косово.
- Тоа што се случи вчера, да не се повтори. Европската унија очекува да се зачува мирот со мудар и воздржан пристап , изјави високата претставничка на ЕУ.
Двајца соговорници се согласиле да изнајдат нови начини за да продолжат со работа и решавање на проблемите меѓу Белград и Приштина по мирен пат, се додава во соопштението.
Инаку, директорот на српската канцеларијата на Косово, Марко Ѓуриќ, вчера беше уапсен во Косовска Митровица, бидејќи, според Приштина, тој илегално влегол во Косово.
За време на интервенцијата на специјалните сили на косовската полиција, 32 лица беа повредени. Ѓуриќ потоа беше протеран од Косово во Србија.
Ново на Сител
-
27-годишен излета со мотоцикл на патот кон Табановце, тешко е повреден
-
Инспекторите во Струмица вчера казнија три лица за согорување отпад од електрични кабли
-
Пожар избувна во хотел во Лондон, евакуирани 100 луѓе
-
Зеленски: Дојде време да се формираат „европски вооружени сили“
-
На граничниот премин „Блаце“ уапсен Косовец - го барале од Интерпол
-
51-годишен маж тешко повреден откако со возило излетал надвор од пат
-
Од 19 февруари ќе се работи на патот кај Лагадин
-
Синер суспендиран на три месеци