Могерини: Оптимист сум за европската иднина на Србија

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини денеска изјави дека е опимистка околу европската иднина на Србија, додавајќи дека земјата во соработка со Брисел, може уште побрзо да напредува на патот кон ЕУ.
– Оптимист сум кога станува збор за европската иднина на Србија и верувам дека со заедничка работа Србија може да напредува уште побрзо, нагласи Могерини на заедничката прес-конференција со српската премиерка Ана Брнабиќ, одржана по состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Србија и ЕУ.
Могерини нагласи дека процесот на придружување на Србија кон ЕУ зависи од спроведувањето на неопходните реформи, изразувајќи уверување за натамошен напредок во клучните области, како владеењето на правото, независноста на судството и слободата на говорот.
Таа потенцираше дека еден од клучните елементи за Србија при напредокот во приближувањето кон ЕУ е и нормализација на односите со Косово.
Могерини уште еднаш повтори дека царините за увоз на стоки од Србија и Босна и Херцеговина што ги воведе Косово се во спротивност со ЦЕФТА и Договорот за стабилизација и асоцијација и ја повика Приштина да ја повлече таа мерка.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова: Струга е град пример за почитување на различностите
-

Еден месец не работи ПЕТ скенерот неопходен за следење на болните од рак – Не се знае кога ќе почнат снимањата
-

Зголемување на старосната граница за пензионирање е предлогот на ММФ за одржлив систем
-

За еден месец издадени одобренија за изградба на нови 754 станови, најмногу во Скопје
-

Сиљановска го образложи помилувањето на Јакупи
-

Нов центар во Штип за развој на студентски бизнис идеи
-

Најмалку 21 пожар на отворен простор
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна политика
