Могерини не одговори дали ќе биде дел од идната Европска Комисија
Високата претставничка за надворешна политика на ЕУ во заминување, Федерика Могерини, не ги коментира политичките промени во нејзината земја, Италија.
Италија е единствената земја која сѐ уште не назначила европски комесар, токму поради политичката криза, и сѐ почести се гласините во Брисел дека Могерини би можела да ја добие номинацијата.
Шефицата на европската дипломатија, која овие два дена претседава со неформалниот Совет за министри за надворешни работи во Хелсинки, денеска се воздржа од секаков коментар.
-Знаете дека никогаш не коментирам внатрешна политика на земјите членки на ЕУ, вклучително и на мојата земја, јас не застапувам партија, туку сум висока претставничка за надворешна политика на ЕУ, и нема да направам исклучок овој пат, но можам да кажам дека ова е навистина важен момент за италијанската политика, одговори Могерини на новинарско прашање дали очекува да биде назначена за еврокомесарка од новата италијанска влада.
Во 2014-та, Могерини беше избор на тогашната влада составена од Демократската партија на Италија, која во меѓувреме изгуби избори во корист на екстремната десница на Матео Салвини и Движењето пет ѕвезди.
Ново на Сител
-
Осомничен за држење автоматска пушка под истрага на ОЈО Струга
-
Пријави за поставени бомби, пожари и прекин на железнички сообраќај, меѓу вчерашните јавувања на 112
-
Утрово насекаде минусни температути, најстудено во Берово -9
-
„Џо, отпуштен си“ - објави Трамп и му забрани на Бајден пристап до класифицирани информации
-
Најмлад до 1.000 тројки во НБА: Едвардс го собори рекордот на Букер
-
Хорнер останува во Ред Бул до 2030 година
-
Енрике го продолжи договорот со Пари Сен Жермен
-
Мемфис Депај осуден на 4 месеци затвор