-->
-->
Могерини ќе се сретне со претставници на Администрацијата на САД
-->

Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини најави дека оваа недела во Вашингтон ќе се состане со клучните официјални претставници на Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.
Могерини наведе дека со сигурност ќе се сретне со советникот на Трамп за национална безбедност Мајк Флини и со зетот на претседателот и висок советник Џаред Кушнер.
- Главната порака ќе биде да пронајдеме заеднички терен, на кој сакаме да соработуваме, начинот на кој можеме да соработуваме, рече Могерини по завршувањето на сосатанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел.
Таа потенцира дека важни прашања за ЕУ се ефикасни Обединети нации, климатските промени, Либија и Сирија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Албанската министерка за Европа во официјална посета на Македонија
-

Мисајловски: Нема да испраќаме македонски војници во Украина
-

СДСМ: Мигранти за пари во Македонија
-

ЕУ средства за прекугранична соработка за развој на турзимот
-

Бањата од римскиот период во Банско ќе добие заштитна конструкција, средствата обезбедени од ЕУ
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со проф. д-р Дејан Докиќ, пулмолог
-

Втори во Европа по ниво на загаденост: Граѓаните „бегаат“ на Водно и бараат сонце
