Могерини ја пофали улогата на Црна Гора на Балканот
Високата претставничка на Европска унија за надворешна политика Федерика Могерини при денешната посета на Подгорица ја пофали улогата на Црба Гора на Балканот.
- Црна Гора има исклучителна улога во опкружувањето на другите балкански држави на патот кон Европска унија. Надворешната политика на Подгорица во целост е во согласност со ЕУ, наведе Могерини.
Таа додаде дека земјата треба да работи на подобрување на владеењето на законот и на слободата на медиумите.
Могерини е првиот странски официјален претставник, кој се сретна со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ, откако тој победи на претседателските избори минатиот викенд.
Високата претставничка на ЕУ пред посетата на Црна Гора, претстојуваше во Тирана и во Скопје. По посетата на Подгорица, Могерини ќе ја посети Србија.
Ново на Сител
-
Азески е оптимист дека владата и банките ќе се договорат
-
Дали има етички пропуст на лекари за смртта на 14 месечното бебе од Гошинце?
-
Преглед на вестите од светот
-
80 години слободно Скопје
-
Прес конференција на опозицискиот лидер
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Средба Сиљаноска – Радев во Баку
-
Азески: Банките да пуштат пари