Могерини: Иран и шесторката веќе нема да го пробиваат рокот за завршување на преговорите
Иран и шестте светски сили веќе нема да го поместуваат рокот за завршување на преговорите за нуклеарните прашања, за кои крајниот датум е 7 јули, изјави високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, цитирана од ТАСС.
-Правилото е такво што доколку работите врз планот „А“, треба и да се придржувате кон него, а овој план треба да заврши утре, на 7 јули, рече Могерини.
-Последениот пат, кога во Виена се собраа министрите, имаше билатерални средби на кои се дадоа политички упатства, изјави таа.
-Сега сме тука за да утврдиме дали можеме да го завршиме договорот, рече Могерини.
Според неа, „ токму сега треба да се донесат политичките решенија“.
-Ако е можно да се постигне договорот, тогаш тоа ќе е можно само
сега, изјави таа.
Според неа, утре ќе има пленарно заседание на министрите за надворешни работи на Иран и шестте светски сили.
Дипломатски извор од западна делегација во преговорите во Виена, изјави дека политичките директори на Иран и шестте светски сили предложиле решенија за сите останати спорни прашања, но допрва претстои усогласување на параметрите за нив од шефовите на дипломатиите.
Тој потврди дека преговорите навлегуваат во решавашката фаза.
-Ние сме многу, многу блиску до исчекор, рече изворот.
Ново на Сител
-
Предизборен карван на ВМРО-ДПМНЕ во Сопиште, Шуто Оризари, Бутел и Карпош
-
Предизборен карван на СДСМ во Долнени, Кривогаштани и Прилеп
-
Касами со ветувања за нови училишта, Османи за инфраструктура
-
Приведена сопругата на д-р Шаини, напаѓачот е во бегство
-
Тема на денот со Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП
-
Д-р Шаини е пуштен на домашно лекување, ДУИ обвинува случајот е обид за атентат
-
Максимални три години затвор за тројцата обвинети за Вардариште
-
Претставници на „Стоп Вардариште“ на средба со институциите во МВР