-->
-->
Могерини им го пренесе на Бесими и Попоски задоволството на ЕУ од политичкиот договор
-->
Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија Федерика Могерини, на заедничка средба со заменик-претседатеот на Владата на Република Македонија задолжен за евроинтеграции Фатмир Бесими и со министерот за надворешни работи Никола Попоски, попладнево во Брисел им честиташе во име на Советот на Европската унија на постигнатиот договор 15 јули со кој е ставен крај на политичката криза во земјата.
Могерини, Бесими и Попоски одржаа кус состанок пред Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Унијата и Македонија, што моментно е во тек и се очекува да трае два-три часа.
- Навистина ви честитам од срце. Направивте одличен договор за доброто на Македонија, им порача Могерини на двајцата високи претставници на македонската Влада, што можеа да го слушнат и присутните новинари и членови на делегациите.
Пораката што во име на Советот на ЕУ им ја испратила Могерини на македонските министри Бесими и Попоски е дека официјален Брисел сега очекува политичките партии во Македонија во целост да го усвојат договорот и на крајот земјата да има успешни предвремени парламентарни избори на 24 април 2015 година. Успешната реализација на сето ова, како што пренесе и хрватската министерка за надворешни работи Весна Пусиќ во изјава за МИА, шефовите на дипломатиите на ЕУ-земјите се подготвени да го наградат со отворање на пристапните преговори на Македонија со ЕУ, како и влез на земјата во НАТО на Самитот во Варшава идната година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Познати 19 учесници за Светското првенство во 2026 година
-
47-годишник од велешко со автомобил удрил во паркирано возило, па во малолетен пешак
-
Маж од тетовско вознемирувал малолетничка, па откако нејзината мајка пробала да разговара со него, тој ја нападнал
-
69-годишен штипјанец палел оган на терасата од својата куќа и предизвикал пожар
-
Тетовец нападнал вработен во угостителски објект со остар предмет
-
Продолжи судењето за „Онкологија 2“: Додека бил директор, Нино Васев се потпишувал на т.н. условна терапија
-
Ѓорѓиевски: Подземната сообраќајница под „Лимак“ ќе го растовари метежот во Центар, а улицата „Даме Груев“ ќе прерасне во булевар
-
М-НАВ: Македонското небо не смее да се „затвори''