Могерини: Да се заборават тензиите и да продолжи дијалогот меѓу Србија и Косово
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини им се заблагодари на српскиот и косовскиот претседател Томислав Николиќ и Хашим Тачи, како и на премиерите Александар Вучиќ и Иса Мустафа, за конструктивниот и отворен состанок во Брисел.
Таа за следните денови најави серија средби на високо ниво.
Шефицата на европската дипломатија во соопштението по состанокот во Брисел оцени дека претставниците на Србија и Косово се договориле да ги остават тензиите зад себе и да се фокусираат на работата која претстои.
- Двете страни се договорија да продолжат со дијалогот во духот на почитување, соработка и меѓусебно разбирање. Разговорите меѓу нив ќе се интензивираат во следните денови. Одлучивме наскоро да одржиме серија состаноци во рамки на дијалогот на високо ниво, истакна Могерини.
Ново на Сител
-
Напаѓачот на Трамп се криел во грмушките 12 часа пред да биде фатен
-
Мета ги забрани руските државни медиуми на своите платформи
-
Уапсен Пи Диди во Њујорк - Обвинет за трговија со луѓе
-
Ограбена спортска обложувалница во Влае
-
Дел од Аеродром и Центар денеска без вода
-
Во Собранието ќе се одбележи Меѓународниот ден на демократијата - 15 Септември
-
Фон дер Лајен треба да го претстави новиот состав на Еврокомисијата
-
Отпорноста на антибиотици може да убие повеќе од 39 милиони луѓе до 2050 година, предупредува нова студија