-->
-->
Модриќ под лупа на шпанското обвинителство за затајување данок
-->

Шпанскиот спортски весник „Марка“ открива дека хрватскиот фудбалер Лука Модриќ е под истрага на шпанското обвинителство за затајување на данок.
Според „Марка“, играчот на Реал Мадрид, е осомничен дека во 2013-та и 2014-година не платил данок во висина од 870.728 евра.
Како што наведува весникот, поднесена е тужба и против неговата сопруга Вања, директорката на компанијата „Ивано С.А.Р.Л.“, која Модриќ ја формирал во Луксембург, по неговото доаѓање во Мадрид.
Капитенот на хрватската селекција, сите маркетиншки права ги има префрлено на оваа компанија, бидејќи во Луксембург данокот може да биде и 1%, за разлика од Шпанија каде изнесува 30 проценти.
Воедно државното обвинителство смета дека затаениот данок може да ја мине споменатата граница, бидејќи полицијата се сомнева дека Хрватот има отворена сметка на „даночната оаза“ островот Ман.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

100 дена мандат на градоначалникот на Скопје
-

Тема на денот со Трифун Костовски, бизнисмен и поранешен градоначалник
-

Слаб процент на вакцинација со ХПВ во скопски Центар и Карпош
-

Преглед на вестите од светот
-

Одложено судењето за екс директорот на Комунална хигиена
-

Вајц: Потребен е итен напредок во уставните измени и итни реформи
-

Професионализација на дипломатската служба
-

Сиљановска: Нашето авионче е најмало и најстаро, колегите го нарекуваат „авиончето на браќата Рајт“
