-->
-->
Модриќ останува во Реал за пониска плата
-->
Актуелниот шпански фудбалски првак Реал Мадрид започна преговори за продолжување на соработката со капитенот на хрватската репрезентација Лука Модриќ, објави весникот „АС“..
Шпанскиот медиуми, повикувајќи се на клупски извори, наведува дека Реал ќе му понуди на Модриќ нов договор со важност до 2022 година.
Од своја страна, Модриќ му дал насоки на личниот менаџер доколку преговорите течат во таков правец да прифати намалување на плата со цел хрватскиот фудбалер да потпише нов договор.
Модриќ (35) дојде во Реал во 2012 година од редовите на Тотенхем. Хрватот сезонава одигра 40 натпревари за „кралскиот клуб“ на кои постигна четири голови и додаде осум асистенции.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп
-
По теркот на останатите туристички центри потребно е да се работи на инклузивен туризам