Моди: Пакистан е расадник на тероризам
Индискиот премиер Нарендра Моди се закани дека ќе се заложи за меѓународна изолација на Пакистан, обвинувајќи го дека се обидува да ја дестабилизира Азија преку ширење на тероризмот.
Тој истакна дека во последните четири месеци индиските безбедносни сили убиле 110 терористи, кои влегле преку пакистанска територија во индискиот дел на Кашмир.
Според него, терористичките напади во Бангладеш и Авганистан се, исто така, поттикнати од Пакистан.
Моди го предупреди Пакистан дека „ќе го изолира и ќе работи на тоа“, што е прва изјава на индискиот премиер по минатонеделниот напад врз воена база во индискиот дел на Кашмир, во кој загинаа 18 војници. Се тврди дека напаѓачите биле борци на екстремистичката група „Џаиш-е-Мохамед“, со седиште во Пакистан.
Исламабад ги отфрла ваквите обвиненија на Њу Делхи.
Ново на Сител
-
Во Лондон евакуација на домаќинства поради радиоактивен отпад пронајден во вреќи
-
Започнаа сослушувањата во Обвинителството на уапсените за трагедијата на железничката станица во Нови Сад
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи состанок на 26 ноември поради рускиот напад со експериментална хиперсонична ракета
-
69 - годишна жена е жртвата во синоќешната собраќајна несреќа во Чаир
-
Затворена американската Амбасада во Лондон поради сомнителен пакет
-
Утре повремен снег претежно во западните делови
-
Голоб: Словенија целосно ќе ги почитува налозите за апсење на МКС
-
Македонските државјани од 30 ноември во Кина ќе патуваат без визи