Живот
12. May 2016 - 10:46

Модерни студенти користат софистицирани начини да мамат на тестовите

Многу ученици и студенти подготвени се да направат се за добри оценки. Кога нема да успеат да научат, а тестовите наближуваат, се снаоѓаат на разни начини за да одговорат на сите прашања и задачи. 

Како што напредува технологијата, така и мамењето станува се пософистицирано. Многумина користат паметни часовници каде ги пишуваат потребните формули или одговори, а некои користат Гугл очила, доколку професорите не ги забележат.

Мамење

Дигитроните се многу понапредни од порано, па и со нив може да се зачуваат  потребните податоци.

Мамење

Досетливите студенти и ученици користат флаширана вода, односно обвивката на шишињата каде што пишуваат за материјалот, а некои дури и фластери чија внатрешност е испишана.

Мамење

Познато е дека студентите и ученици и понатаму користат стари методи како што е пишување на материјал по рацете, нозете и облеката, а се попопуларно е пишувањето на ноктите на палците. За тоа е потребно многу добар вид.

Мамење

Мамење

Мамење

Социјалната мрежа Quora објави некои фотографии од досетливи начини кои студентите и учениците ги користеле во изминатиот период за да ги решат нивните тестови и добиле високи оценки.