Мобилни тимови на Црвениот крст и психо-социјална поддршка за ранливите категории граѓани
Мобилни тимови на Црвениот крст на град Скопје од утре ќе набавуваат потребни производи и ќе им ги доставуваат на ранливи целни групи на територија на градот Скопје. Во функција ќе бидат ставени 10 мобилни тимови кои ќe бидат лоцирани на пет локации во градот, како и дополнителен тим за бездомните лица лоциран во Момин Поток. Дополнително, од утре почнуваат да функционираат и две СОС-телефонски линии на Црвениот крст на Град Скопје, преку кои секој работен ден граѓаните ќе можат да добијат психо-социјална поддршка за полесно справување со стресот предизвикан од актуелната состојба.
Мобилните тимови ќе функционираат секој работен ден од 08.30 до 12.30 часот, а нивната задача ќе биде да извршат неопходна набавка на лекови, прехранбени производи и средства за лична хигиена и да ги достават до домовите на старите, изнемоштени лица кои живеат сами, хронично болните лица, до семејства со лица со посебни потреби, самохрани родители и други ранливи категории на граѓани кои живеат во Скопје.
Целта на оваа активност што се спроведува во соработка со Пивара Скопје, како што соопшти денеска Црвениот крст на Град Скопје, е да им се овозможи поддршка на лицата на која таа им е најнеопходна, со што тие нема да имаат потреба да ги напуштаат своите домови и на тој начин да се намали ризикот од инфицирање со вирусот Ковид-19 (коронавирус).
Мобилните тимови ќе бидат составени од две лица од тимот за одговор при катастрофи, еден член од тимот за логистика и едно обучено лице за давање основна медицинска помош (парамедик). Сервисната услуга што ќе ја обезбедуваат мобилните тимови ќе биде бесплатна, а граѓаните ќе одвојат финансиски средства само за артиклите или лековите кои ќе треба да им се набават. Трошоците за функционирање на мобилните тимови ќе бидат покриени од Пивара Скопје, градот Скопје и општините во Скопје.
За повикување на мобилните тимови граѓаните ќе можат да ги користат следните телефонски броеви, според местото на живеење:
· Црвен крст Центар: 070/297-166 02/3115-029
· Црвен крст Кисела Вода: 070/379456 02/3211–417
· Црвен крст Чаир: 070/208383 02/2621–924
· Црвен крст Карпош: 070/226136 02/3068–806
· Црвен крст Гази Баба: 071/243078 02/2529–153
· Тим за бездомни лица 02/3096-227
Дополнително, од утре почнуваат да функционираат и две СОС-телефонски линии на Црвениот крст на Град Скопје, преку кои секој работен ден од 09.00 до 13.00 часот граѓаните ќе можат да добијат психо-социјална поддршка за полесно справување со стресот предизвикан од актуелната состојба.
Старите и изнемоштените лица на кои им е потребна психо-социјална поддршка можат да се јават на телефонскиот број: 075/352-246, а останатите граѓани на телефонскиот број: 071/379-119.
Овие активности се координирани и поддржани од страна на градоначалникот на Град Скопје и од градоначалници на скопските општини.
Ново на Сител
-
Портокалов метео аларм во Шпанија, повторно се очекуваат обилни дождови
-
Протест пред обвинителството во Нови Сад: Граѓаните бараат ослободување на активистите
-
Во Италија вратена и втората група мигранти од кампот Ѓадр во Албанија, но и дел од вработените
-
Муцунски: На седумте амбасадори им завршува мандатот, во моментов течат консултации и наскоро ќе почне процес на именување нови амбасадори
-
Мерц: Избори во февруари e добро решение
-
Дарио Ивановски е спортист на годината, награди и за легендарните Хаџиевски и Радиќ
-
Маж избодел две девојчиња и двајца мажи, случајни минувачи во Урошевац
-
Кина: Возач намерно удри со автомобилот во толпа, загинаа 35 лица