МО: ВМРО-ДПМНЕ продолжува со лажните вести
ВМРО-ДПМНЕ продолжува со лажните вести. Откако вчера јасно беше кажано дека се работи за различна инженериска машина, нивната пропагандна машинерија продолжува да манипулира.
Ако имало поефтини машини кои ги исполнувале условите од приложената спецификација, ќе имало и такви понуди при тендерската постапка, која да ги потсетиме уште еднаш ВМРО-ДПМНЕ, беше отворена и транспарентна.
ВМРО-ДПМНЕ не може да сфати дека се применува закон и дека јавни набавки се спроведуваат во отворени и транспарентни постапки, без ограничувања да учествува било кој економски оператор што ги исполнува условите.
ВМРО-ДПМНЕ не може да го сфати тоа бидејќи тие додека беа на власт го правеа спротивното. На ВМРО-ДПМНЕ им е несфатливо да се работи според закон бидејќи тие додека беа на власт градеа палати на место партиско седиште, собираа провизии за автопати и тајно купуваа мерцедеси кои ќе го возат нивниот лидер кога јавноста не гледа.
Ново на Сител
-
Украинската армија вели дека нападот во текот на ноќта врз Русија бил „најмасовниот“ од војната
-
Началникот на Генералштабот на Армијата на конференција на Воениот комитет на НАТО
-
Децата ја наследуваат интелигенцијата од мајката, според новите истражувања
-
Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус
-
Гвардиола: Ни требаат нови луѓе
-
Приведени скопјани барани со потерници
-
Пронајдена дрога кај осуденик во битолскиот затвор
-
Германија: „Дубаи чоколадо“ е само она што се произведува во ОАЕ