МО објави оглас за прием на 150 професионални војници
Министерството за одбрана денеска го објави Јавниот оглас за прием на 150 професионални војници на служба во Армијата на Република Северна Македонија.
Рокот за пријавување на кандидатите, информираат од МО, е 15 дена вклучувајќи го и денот на објава.
- Да се државјани на Република Северна Македонија; да се полнолетни; да имаат завршено најмалку средно образование; да не се постари од 25 години на денот на завршување на огласот за прием и да се здравствено и физички способни, се условите за пријавување на лицата на јавниот оглас.
Платата на идните професионални војници од моментот на склучување на договор, информираат од МО, ќе изнесува над 31.000,00 денари со дополнителни над 10.000,00 денари - средства за станбено обезбедување.
Кандидатите за професионални војници својата пријавата може да ја поднесат на неколку начини: - по електронски пат заедно со потребните документи на следниот е-маил: javenoglaspfv@morm.gov.mk; - до Одделенијата за одбрана во или блиску до местото на живеење, заедно со потребните документи.
Во постапката за избор, кандидатите за професионални војници ќе подлежат на тестови за физичка подготвеност и на здравствени прегледи спроведени од посебни комисии.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Нови детали од планот на Фон Дер Лајен
-

Продапна уште еден обид за деблокада на реформите во Изборниот законик
-

Директорот на “Историски музеј” Крушево поднесе оставка по реакциите за спотот во “Македониум”
-

„Да оставиме пример, не ѓубре“ – голема еколошка акција во Скопје
-

Регионален форум за борба против корупција во организација на Државната ревизија
-

Службеничка од МВР осудена на две и пол години затвор за фалсификувани возачки дозволи
-

Миланов: Апаратите во Лотарија и приредувањето игри на среќа се законски
