МО објави конкурс за запишување на студенти/питомци на Воената академија

Министерството за одбрана денеска објави конкурс за запишување на студенти/питомци на Воената академија во Скопје.
Министерството во денешното соопштение ги повикува сите млади лица кои имаат интерес да служат на Република Македонија како идни офицери во Армијата на Република Македонија да се пријават на конкурсот. Од Министерството истакнуваат дека процесот на избор е транспарентен и базиран на дефинирани критериуми и прикажани квалитети и резултати на пријавените кандидати.
Заинтересираните кандидати, стои во соопштението, можат да се запознаат со Конкурсот на интернет страницата на Министерството, www.morm.gov.mk и на Воената академија, www.ma.edu.mk.
Воедно, Министерството за одбрана информира дека во тек е и Конкурсот за пилоти во Армијата на Република Македонија. Процесот на селекција и обука се врши во Центарот за обука на пилоти, кој е еден од најсофистицираните центри од овој тип во светски рамки, Центар кој поседува 2 full-motion симулатори на хеликоптерите Ми-8/17 и Ми-24. Конкурсот е објавен на интернет страницата на Министерството.
Ново на Сител
-

ФФМ ја повлече поддршката за Инфантино
-

Кокаин во допинг-тестот на Кирјос
-

Десетгодишно дете прегазено во Градско, возачот избегал
-

Битолчанец возел мопед со 2,23 промили алкохол во крвта
-

Мацинка: Приоритет на Чешка е Северна Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ
-

Четири смртни случаи, 36 потврдени и две веројатни случаи на западнонилска треска во државата
-

Јаневска: Рацете на политиката подалеку од образованието
-

Почнаа уписите на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“, стандардно најголем интерес на Факултетот за медицински науки
