МНТ со „Животот е прекрасен" на фестивалот „Митем“ во Будимпешта

Македонскиот народен театар со претставата „Животот е прекрасен“, во режија на Александар Морфов, денеска ќе гостува на престижниот Меѓународен театарски фестивал „Митем“ во Будимпешта.
МНТ соопшти дека со ова гостување почнува меѓународното претставување на „Животот е прекрасен“.
- За МНТ ова ќе биде голем предизвик и искуство да застане рамо до рамо со врвни театарски куќи и светски познати режисерски имиња. На фестивалската програма на четвртото издание на Фестивалот ќе се прикажат театарски куќи од 11 земји со претстави потпишани од страна на врвни режисерски имиња: Еуџенио Барба, Валериј Фокин, Атила Видњански, Давид Дојашвили,Томас Ричардс, Виктор Рижаков, Александар Морфов, Ана Петерсон, Раду Африм, Алвис Херманис, Искандер Сакаев, Римас Туминас, Силвиу Пуркарете, Еимунтас Некрошиус и други, посочуваат од МНТ.
Целта на фестивалот е да се презентира извонредна разновидност на уметноста на театарот од целиот свет. МНТ годинава ќе биде дел од официјалната програма на МЕСС, а потоа следуваат гостувања во Грац, Виена, Загреб, Белград, Подгорица, Хамбург, Берлин, Торонто.
Ново на Сител
-

Драган Ковачки нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Тошковски за Сител: Централниот комитет ќе донесе одлуки во интерес на државата
-

Наскоро „Безбеден Град“ во Охрид и Струга
-

Мицкоски ги укинува партиските потпретседатели, Извршниот комитет ќе е поголем
-

Тема на денот со Трпе Дејановски, претседател на УПОЗ
-

Од Букурешт до Кочани - две трагедии, една иста болна лекција
-

Возење без дозволи под лупа
-

Околу 40 тони марихуана се запленети во Скопје и Струмица
