Македонија
2. December 2017 - 16:10

МНТ и Археолошкиот музеј ,,попуштија‘‘ од обилниот дожд - нивото на реките зголемено, но не и алармантно

Новите објекти на МНТ и Археолошкиот музеј попуштија од обилните врнежи. Штипскиот центар на културата останал без дел од покривот а прокисна и во останатите згради на културата стари над 50 години. Оваа состојба ја констатирале министерот Алаѓозовски и неговиот тим, кои им кажале на директорите да ја санираат состојбата. Побара помош и од компаниите за донации бидејќи на крај на година не можеле да распишуваат тендери. За протекувањето во Македонскиот народен театар и другите нови згради првиот човек во културата ќе бара кривична одговорност.

- Ќе утврдиме кој и зошто не ги извел квалитетно работите и ќе поднесеме тужби за сите оние ситуации каде гледаме дека криминалната мрежа на нестручно градење објекти функционирала, изјави Роберт Алаѓозовски, министер за култура.

Директорот на МНТ вели дека поради срам ги криеле местата каде протекува, а во Археолошкиот музеј проблемот е кај гаражите.

- Тече на сцена, капе овде на влезот. Ова е покриено за да си го сокриеме срамот. На едно место се собира вода и протекува, а сцената е директно од покривот, вели Драган Спасов Дац, директор на МНТ

- На делот на гаражите кои се споени со самата зграда и каде протекува атмосверската вода и за несреќа протекува точно врз електрична инсталација, вели Горан Санев директор на Археолошки музеј.

По вчерашното излевање на Вардар на неколку локации во Скопје, градските власти велат дека нема простор за паника бидејќи водата почнала да се повлекува. Од штабот за заштита  и спасување постојано дежурале на критичние места. Клучката кај Матка и натаму гио отежнува сообраќајот а постои  опасност од излевање на реките Треска, Радика и Кическа.  

– Поплавени ливади кај Зелениково, стара куќа и викендичка кај Крива паланка а постои опасност поради најавите за продолжување на врнежите за излевање на Треска, Радика, Сатеска.

Активни на терен се и од Дирекцијата за заштита и спасување кои соопштија дека нивните екипи се во состојба на зголемена мобилност по најавите дека врнежите ќе продолжат и ноќта како и во текот на утрешниот ден.