МНР со протестна нота до бугарското МНР по видеото на Џамбаски
Министерството за надворешни работи (МНР) денеска преку Амбасадата на Македонија во Бугарија до бугарското Министерството за надворешни работи упати протестна нота во врска со објавено видео на пратеникот во Европскиот парламент од Бугарија и заменик-претседател на политичката партија ВМРО-Бугарско Национално Движење, Ангел Џамбаски.
Од МНР вечерва соопштија дека ќе известат и соодветно ќе реагираат до институциите во Европската унија.
Според Министерството за надворешни работи, ваквите изјави не придонесуваат во напорите за продлабочување на пријателството, добрососедството и соработката меѓу двете земји.
-Реторика во која се изразуваат територијални претензии кон соседите не доликува на земји-сојузнички во НАТО и земја-членка на Европската унија, што е директно и спротивна на идеалите и вредностите на Европската унија, на кои и двете земји силно се посветени, се вели во соопштението на МНР.
Заменик-претседателот на бугарската ВМРО-БНД Џамбаски во објава и видео-спот на Фејсбук со кадри од Скопје, Охрид и други локации од државава наведува дека „Македонија е бугарска, а Бугарија е над се“.
-Постојат причини кои се поголеми од сите и од било што. Од секоја политичка ситница. Поголем од која било злонамерна политичка тема. За мене, за нас од ВМРО – таква кауза е Македонија. Македонија на оние Бугари кои ја сакаат, кои ја наследија и кои никогаш не ја заборавија. На Бугарите кои живеат во Македонија. Македонија на оние Бугари кои ја изградија модерна Бугарија. Колку пострашно ја измислувате вашата нова лажна историја, толку погласно ќе се уриваат, лажните темели што сте ги изградиле вашата патетична сегашност ќе се распаднат. Колку похистерично ја мразите Софија, толку побугарски Охрид останува. Колку погласно ги врескате лагите, толку побрз и поужасен ќе ви биде крајот, пишува Џамбаски во објавата.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Експерти: Одговорноста за правосудството треба да се бара во индивидуалните постапки на дел од судиите
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Амбасадорите подготвени да соработуваат со Мицкоски за судските реформи
-
Советот на обвинители не сака распуштање, Мицкоски вели срамно е да се има доверба од 2%
-
268 матуранти паднаа на државната матура
-
Кој ќе одговара за скапо платените и некористени акцеларатори за малигно болни кои ќе завршат во отпад?
-
ЕпсоТех инвестира 20 милиони евра - Ќе бидат вработени 110 луѓе