МНР: Оставаме уште 24 часа ВМРО-ДПМНЕ да му се извини на Османи
Министерството за надворешни работи денеска повторно побара извинување од ВМРО-ДПМНЕ поради, како што наведуваат, изречените груби лаги за време на празниците во врска со обраќањето на министерот Бујар Османи на средбата со неговиот шпански колега Хосе Мануел Албарез Буено.
- Изминаа 24 часа откако беа демантирани грубите лаги од страна на ВМРО - ДПМНЕ, пласирани за време на празници, а партијата сѐ уште не испрати извинување. Како поука за понатаму, за партија која е фатена на дело како лаже, оставаме уште 24 часа да се извини и кон Министерството и пред сѐ кон јавноста која беше вознемирена за време на празници. Со тоа, станува очигледно дека обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ преставуваат свесен обид за внесување меѓуетнички тензии и раздор во општеството, што може да се потврди и од вордингот и тајмингот на самата манипулација пласирана од ВМРО-ДПМНЕ, се навердува во соопштението од МНР.
Фактот што обидот за манипулација на јавноста беше направен за време на празници, спроед МНР, претставува дополнителна навреда кон граѓаните на земјава, за што и очекуваме извинување.
- Како одамна воспоставена пракса Министерот се обраќа на ист начин од почетокот на мандатот како министер за надворешни работи последните три години, како и претходно две години како Вицепремиер за европски прашања; на јавните настапи пред домашната јавност Министерот се обраќа на двата службени јазици, што е видливо и од самиот видео запис (подолу), при што за медиумите секогаш е обезбеден и соодветен превод, согласно Уставот и Законот за примена на јазиците, се посолува во соопштението.
Ново на Сител
-
Двајца млади пациенти од трагедијата во Кочани на рехабилитација во Клиниката за физикална медицина
-
На Oнкологија стигна терапијата која недостигаше – реализирана годишната набавка
-
Со Предлог-законот за енергетика ќе се знае колку струја потрошиле граѓаните, и точната бројка на енергетски сиромашни
-
ССМ бара итно зголемување на платите во приватниот сектор
-
344 милиони денари ќе се слеат на државните универзитети, јавните научни установи и во МАНУ
-
Преглед на вестите од светот
-
Муцунски: Проширувањето да не се билатерализира
-
Инфраструктурни идеи за зелен транспорт