МНР: Нема информации за повредени македонски државјани во земјотресот во Италија
По силниот земјотрес утрово што повторно го погоди централниот дел на Италија Министерството за надворешни работи на Република Македонија информира дека нашата Амбасада во Рим е во постојан контакт со надлежните институции и во моментов нема информации за повредени граѓани.
Според МНР, воочени се само поголеми материјални штети.
Министерството за надворешни работи, воедно ги известува сите заинтересирани дека за прашања поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во Италија, можат да се обратат на дежурните телефони во Амбасадата на Република Македонија во Рим, Италијанска Република, како и во Министерството за надворешни работи. вг/12:09
Амбасада на Република Македонија во Рим:
Лица за контакт: Емилија Николовска
Мобилен телефон: 00393889050310
Лице за контакт: Семра Рамадани Алими
Мобилен телефон:00393485273136
Адреса: Via Bruxelles 73/75, 00198 Rome Е-пошта: rome@mfa.gov.mk
Министерство за надворешни работи
Лице за контакт: Силвана Ивановска
Мобилен телефон: +38972 239 052
Е-пошта: silvana.ivanovska@
Ново на Сител
-
Министерство за здравство: Ќе се утврдат причините за смртта на 14-месечно бебе
-
Спасувачите трагаат по исчезнати по поплавите и свлечиштата во Јабланица
-
Досега нема кривична пријава поврзана со „Конти“, граѓаните да внимаваат при вложување пари во вакви апликации
-
Лазов: ДСЗИ ќе изврши вонреден инспекциски надзор во здравствените установи каде починатотото бебе било претходно лекувано
-
МОН: Честит 5 Октомври – Светски ден на учителот
-
Над 20 интервенции ноќеска во поплавени куќи во Тетово
-
Тошковски: Да се фокусираме на професионалноста, а не на етничкиот предзнак
-
Фич: Курсот на денарот и банкарскиот сектор остануваат стабилни