МНР: Надлежните констатирале оштетување на гранични камења во должина од 12 километри
Претставници на македонскиот дел на граничната Комисија за Сектор 3 и 4, заедно со претставници на грчките министерства за внатрешни работи и за одбрана завчера излегле на терен и констатирале дека се изместени и оштетени гранични камења во должина од 12 километри, информира денеска Министерството за надворешни работи.
МНР ова го објави во врска со информациите за оштетување на гранични камења на граничната линија на македонско-грчката граница од ГК 132 до ГК 147.
Претходно грчката полиција соопшти дека непознати лица уништиле и оштетиле 105 гранични камења, што ја одредуваат границата меѓу Грција и Македонија, од грчка страна, во општина Лерин.
Инцидентот е потврден и од страна на македонското МВР.
Во тек е постапка за расчистување на случајот и обновување на оштетените гранични камења во согласност со Спогодбата за чување, одржување и обновување на граничните ознаки (копнени и пловни) и за предупредување, спречување и начин на испитување и решавање на граничните инциденти.
Ново на Сител
-
Владината програма за 2025 во функција на остварување на стратешките приоритети
-
ИЈЗ: Растат бројките на заболени од грип, но состојбата не е алармантна
-
Македонската зелка нема опасни пестициди
-
Купете си изгубен куфер за 120 денари
-
Преглед на вестите од светот
-
Запрена постапката за организаторите на 27 април - Судот утврди дека и за нив важи амнестијата
-
Вешти лица - Илијевска убиствата ги извршила во афект, стравувајќи за сопствениот живот
-
Грчкото МНР му одговори на Мицкоски - Македонското прашање е решено и дефинитивно