МНР испраќа дипломатска екипа во Украина
Соодветно на состојбите на терен, Министерството за надворешни работи испраќа дипломатска екипа во Украина, во чии состав ќе бидат актуелниот амбасадор во земјата Крум Ефремов и уште еден искусен конзуларен работник, кои ќе ги водат процесите на терен при асистирањето во евакуацијата на нашите државјани и со нив поврзаните украински граѓани, информира МНР.
– Воедно информираме дека досега околу 50 наши државјани ја имаат напуштено Украина, додека 50 се уште се на украинска територија, како и членови на нивните семејства, украински државјани. Од нив, 25 ги имаат напуштено резидентните места и во моментов се упатени низ утврдени безбедносни коридори. Нивното движење постојано го следиме сѐ до напуштањето на земјата, а потoа, нашите амбасади и конзулати од соседните земји ги преземаат сите активности за нивен безбеден трансфер назад кон земјава, велат од МНР и додаваат дека секое движење низ Украина е сериозно отежнато и се одвива по споредни рути кои се преполни, па оттука движењето е бавно.
Воедно, од МНР посочуваат дека тие продолжуваат одблиску да ја следат состојбата и за секоја нова промена соодветно јавноста ќе биде информирана.
Ново на Сител
-
Барале пари за да дадат информации - Нови детали за изчезнувањето на Лидија
-
Родри ја освои Златната топка со 41 глас повеќе од Винисиус
-
Мицкоски: Се обидуваме „Рош“ да се вратат и граѓаните да добијат врвна здравствена услуга по конкурентни цени
-
Според тестирањата во прилепските градинки, секое второ дете има проблеми со говорот
-
Мицкоски: Дефинирани се цените и производите опфатени со новогодишната кошничка
-
Од утре температурите пониски за пет до седум степени
-
ПСЖ би можел да го ангажира Куртоа за да му се одмазди на Реал за Мбапе
-
Едно лице загина, 13 се повредени во напад на руски дрон врз Одеса