МНР и предлага на Владата затворање на Почесниот конзулат во Барселона
Информациите за пренамена на средствата за изградба на патните правци Охрид - Пештани и Требеништа – Струга и за сервисирање на долгот за вода и репрограмирање на долгот за вода на ЈЗУ Универзитетски клиники, денеска ќе се најдат пред министрите во Владата на Република Македонија на 34 седница, која е со повеќе точки на дневниот ред.
Како што информира владината прес-служба, Министерството за надворешни работи до Владата ќе достави предлог за затворање на Почесниот конзулат на Република Македонија во Кралството Шпанија, со седиште во Барселона и предлог за отповикување на почесниот конзул на Република Македонија во Кралството Шпанија, со седиште во Барселона.
Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија ќе ја разгледа предлог-одлуката за давање на трајно користење на движни ствари (инкубатори) на повеќе клиники во земјата.
На предлог на Министерството за транспорт и врски, Владата ќе ја разгледа информацијата за потреба од доставување апликации за обезбедување на техничка помош грант средства од Акцискиот програм CONNECTA за проектите: „Изработка на проектна документација и имплементација на Интелигентен транспортен систем на патиштата“ и „Подготовка на проектна документација на ниво на основен проект за поставување на заштитна ограда и сигнализација на патниот Kоридор 10“.
Агенцијата за Филм на Република Македонија на седницата ќе ја презентира информацијата за проект „Играна серија ‘Македонија’“, а министрите ќе ја разгледааат и информацијата за листата на документи кои министерствата согласно закон се обврзани да ги објават на своите веб страни, како и Предлог - програмата за изменување и дополнување на Програмата за остварување и развој на дејноста во ученичкиот стандард за 2017 година, што ќе ја презентира Министерството за образование и наука.
На предлог на Министерството за култура, Владата ќе ја разгледа информацијата за учеството на македонската делегација на Третиот министерски форум за културна соработка меѓу НР Кина и земјите на ЦИЕ во Хангџоу, Кина (процес 16 + 1) и иницијатива за основање на Координативниот центар за културна соработка со седиште во Скопје.
Пред министрите во Владата ќе се најде и предлог - одлуката за престанок на трајно користење на недвижна ствар на Здружението за духовно обединување на Сетинци-Попадинци и Крушоради од Лерин во Македонија-Скопје и Предлог-одлуката за престанок и за давање на трајно користење на недвижна ствар на Републичко здружение на децата бегалци и нивните потомци од Егејскиот дел на Македонија „Т’га за југ“ од Скопје.
На оваа седница на Владата ќе се најде на разгледување и извештајот за попречување на работата Народниот правобранител на Република Македонија преку Канцеларијата на претседателот на Владата, како и извештаите за работата на повеќе институции како Јавното претпријатие МЖ - Инфраструктура за период, на ЈП Службен весник на РМ, како и извештајот за работата на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија во 2016 година.
Ново на Сител
-
Утре седница за интерпелации: Власта тврди се ќе заврши брзо
-
Тема на денот со Александар Ивановски, директор на Европската Фискална Конфедерација
-
МОН затвори уште еден приватен институт, ќе се мониторираат дипломите и магистерските
-
Цените на станбениот квадрат уриваат рекорди, колку се реални?
-
Судот во Перник: Пропустите на автопатот „Струма“ придонесоа за несреќата на „Беса Транс“
-
Бајден пред заминување ги заостри санкциите кон Западен Балкан
-
Петрушевски: Сите се дистанцираат од Груби, освен СДС
-
Панихида за Мара Бунева во недела, партијата Преродба со провокација