Македонија
1. July 2024 - 16:35

МНР го повика на консултации амбасадорот во Албанија

Македонскиот амбасадор во Албанија денеска е повикан на консултации со Министерството за надворешни по објавување на податоците од тамошниот попис. Амбасадорот Марковски ќе треба да објасни што се случувало пред и за време на пописот, но и да каже какви насоки имал од  МНР.. Во кусото соопштение министерството наведува дека заради итност, разговорот со амбасадорот Марковски ќе се одржи до крајот на неделава.

„Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека согласно Законот за надворешни работи македонскиот амбасадор во Албанија, Данчо Марковски е веќе повикан на консултации. Заради итноста на материјата очекуваме консултациите да се случат во текот на оваа недела“, се вели во известувањето од МНР.

Во меѓувреме продолжуваат реакциите на здруженијата и партиите на Македонците во Албанија. Македонската алијанса за европска интеграција тврди дека постои пописен фалсификат. Обвинуваат дека бугарските власти со потпкуп и притисоци ги натерале македонците да се деклариаат како бугари.

„Не се криви само Бугарите, тоа е договор меѓу Бугарија и албанската влада. Овие резултати од пописот не се резултати од теренот, туку резултати излезении од маса, договорено! Ние немавме никаква поддршка од македонската влада, искрено, може беше и против нас. Да не дојде ниту еден човек, да ги сигнализираме, тоа и тоа се прави. Никој не реагира!“, изјави Јован Филовски, МАЕИ

Претставници на Македонците во веќе најавија неформален попис за кој велат дека ќе ја покаже вистинскта бројка на македонско малцинство во државата. Друштвото „Илинден“ го повика албанското специјално обвинителство да поведе истрага за институтот за статистика бидејќи како што велат, пописот бил неуставен и спротивен на европските аспирации на Албанија.