МНР: Еуровиа имаше најевтина понуда
Министерството за надворешни работи попладнево преку соопштение ги отфрли како сите обвинувања за набавката за реконструкција на спортската сала „Борис Трајковски“.
Од МНР како тенденциозни и крајно шпекулативни ги оценуваат сите тврдења и обвинувања за наводно политичко влијание или било каква форма на нерегуларности во изборот на компанијата која треба да ја реконструира салата „Борис Трајковски“.
Посочуваат дека условот за избор на најповолен понудувач била најниската цена заради економично и ефикасно алоцирање на буџетот.
- Од четирите понудувачи, избраната компанија имаше далеку најконкурентна понудена цена согласно очекуваните количини предвидени во техничката спецификација, односно:
Еуровиа - 93.746.070 ден. (избран понудувач)
Второрангирана - 120.668.981 ден.
Треторангирана - 134.015.461 ден.
Четврторангирана - 374.353.297 ден, се наведува во соопштението од МНР.
Оттаму додаваат дека ниту смееле, ниту е правно издржано да отфрлат понуда која според критериумите била најповолна.
- Одговорно тврдиме дека не постои никакво влијание ниту нерегуларност во изборот на компанијата што е потврдено до второстепена комисија. Сите институции се добредојдени да го анализираат изборот како и спровдувањето на постапката која ќе биде по највисоките стандарди на ОБСЕ. Уште еднаш сакаме јасно да потенцираме дека, специфичните барања за изведба на работите и нивниот квалитет, како и потребата за истите се специфични барања на ОБСЕ согласно стандардите на организацијата за организација на вакви настани, велат од МНР.
Апелираат до политичките чинители да не го злоупотребуваат овој настан и фрлаат дамка на претседателството со ОБСЕ.
- Министерството им стои на располагање на сите институции кои сакаат да добијат повеќе информации за процесот на избор на најповолен понудувач, но постапката и настанот не треба да бидат користени за дневна политика и манипулација кое наштетува на угледот на како на државата така и на ОБСЕ како организација, се истакнува во соопштението од МНР.
Ново на Сител
-

Собранието обоено во портокалова боја по повод светската кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“
-

Пожар во близина на црквата „Свети Спас“ во Стара Чаршија
-

Русија го блокира „Снепчет“
-

Меланија Трамп: Уште седум украински деца вратени од Русија
-

После две години скопјани добиваат субвенции за инвертер клима уреди
-

Мицкоски: И утре да ги внесеме Бугарите во Устав, прашање е само дали за 3, 6 или за 9 месеци ќе имаме нов услов
-

Германија вети уште 100 милиони евра помош за украинскиот енергетски сектор
-

Намалена видливост поради магла до 50 метри на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и во Крушево
